Фестивал на органска храна

Од:

Под мотото „Вкусот на минатото сегашноста и иднината”, Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) денеска организира Фестивал на органска храна.

Целта е помасовно да се промовира важноста на органското земјоделско производство за економскиот развој, заштитата на животната средина и здравјето на луѓето или, како што порачува ФЗНХ, палетата на органска храна да биде платформа преку која ќе  се соединат производителите, преработувачите, науката, потрошувачите и медиумите за перспективна, одржлива иднина за органска Македонија.

Фестивалот најавува учество на преку 20 компании и производители на органски производи, а посебен акцент ќе биден ставен на младата популација која ќе има можност преку едукативно-креативен пристап да добие повеќе информации за здравиот начин на живеење.

ФЗНХ го најавува и проектот „Skopje Organic Life“ кој ќе се одржува двапати годишно како пролетна и есенска манифестација со концепт кој претставува нова форма на Еко фестивал. Идејата е да се разбуди свеста на секој поединец за здраво и одржливо живеење.

Фестивалот на органска храна е под покровителство на Град Скопје, а ќе го отвори директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

АХВ изрече казни од 82 илјади евра за големите ланци на маркети

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец