Фејсбук го отстранува „тајмлајнот“?

Од:

Фејсбук го отстранува тајмлајнот, затоа што тој изум не е оригинално нивен, па големи се шансите повеќе да немаат право на него.

– Милиони луѓе секојдневно го уредуваат својот живот на Фејсбук и досега немало шанса да имаат увид во тоа што им се случувало претходно. Работевме на нашиот „Тајмлајн“ една година. Тоа е приказна за нашите животи и сосема нов начин да се изразиме себе си, изјави во 2011 година основачот на Фејсбук Марк Цукерберг.

Тогаш тој го претстави „Тајмлајн“ како една од клучните новитети во Фејсбук ерата. Но неодамна се утврди дека „Тајмлајн“ и не е сосема нов.

Имено, Суд во Чикаго овие денови одлучува за спорот меѓу Фејсбук и компанијата која од 2009 го води сајтот „Тајмлајн“, и која на многу сличен начин како „Фејсбук“ хронолошки ги уредува податоците од животот на корисниците.

Судијата Џон Дара смета дека Фејсбук нема внесено многу новитети во својот „Тајмлајн“ за да може да го претстави како оригинално свој производ.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски