Без оглед дали се еднојајчaни или двојајчани близнаци, тие се свет за себе, а за нивната посебност има многу интересни работи. Во последната деценија се почесто се раѓаат близнаци, пред се, порди вештачкото оплодување. Но истражувањата покажуваат дека на зачнувањето близнаци влијаат и годините на мајката како и нејзината висина и тежина, хормонските тарапии, генетиката и друго.
Еден од 80 бремени жени носи близнаци
Бројот на еднојајчани близнаци е прилично константен и изнесува три до пет на илјада родени деца, додека зачестеноста на двојајчаните близнаци кои се родени од спонатано настаната бременост варира од четири до 50 на илјада бремености.
Како одраз во огледало
Еднојајчаните близнаци всушност се одраз во огледало еден на друг. Отисоците на прстите и забите ретко се слични, а често изгледа сосема спротивно, како одраз во огледало.
Близнаци со различна боја на кожата
Близнаците од кои едниот е црнец, а другиот белец се раѓаат еднаш годишно, но во иднина тоа почесто ќе се случува. Др. Џим Вилсон генетичар истакнува дека таткото и мајката му даваат на детето по 50 отсто од своите гени, првата генерациија потомци од родители од различна раса сигурно ќе бидат мешана раса. Со оглед на тоа дека секое десетто дете е од мешана раса значи дека во иднина ќе има повеќе близнаци од кои едното ќе биде со светол тен, а другиот со темен.
Момчињата доминираат
Во светот има повеќе близнаци отколку близначки, на оваа статистика се менува во корист на девојчињата кога станува збор за тројки.
Јазик на близнаците
Се претпоставува дека 40 проценти на близнаците разиваат сопствен јазик, разбирлив само за нив. „Јазикот на близнаците“ обично се развива во втората година, а настанува така што еден од близнаците моделира незрел и паталошки говор поради што потоа двата зборуваат неисправно, а при тоа меѓусебно се разбираат.
Близнаци левучари
Приближно 22 отсто од близнаците се левучари, за разлика од останатиот дел од популацијата, во рамките кои само десет отсто од луѓето и даваат предност на левата рака.
Туркањето почнува уште во стомакот
Современата технологија, која овозможува снимање на близнаците во стомакот, покажа интересни факти: тие се забавуваат, но и се туркаат уште пред раѓање.
Најмногу близнаци има од црната раса
Меѓу расите постои разлика во зачестеноста на раѓње близнаци: кај белата раса се раѓа еден близнак на 90 породувања, кај жолтата раса три близнаци на илјада породувања, а кај црната раса 30 до 40 близнаци на илјада породувања.
Еднојајчани и двојајчани близнаци
Близнаците од различен пол секогаш се двојајчани, а еднојајчаните близнаци секогаш се од ист пол. Се смета дека раѓањето еднојајчани близнаци е случаен феномен, а двојајчаните – резултат на поголем број овулации и дека тие почесто се раѓаат во семејства во кои посебено од мајчина страна веќе имало близнаци.
Мајките на близнаците се поздрави
Новите истражувања покажуваат дека мајките кои по природен пат родиле близнаци живеат подолго од другите мајки затоа што генерално телесно се појаки, поздрави и поиздржливи. Тие, исто така, имаат подолг репродуктивен животен век. Потребно им е помалку време на заздравување помеѓу бременостите и во просек имаат повеќе деца, тврдат истражувачите од Унвиерзитетот во Јута.