Есенската аукција на „Сотби“ во Женева со два посебно вредни предмети

Од:

Бурмански сафир и колумбиски смарагди ќе бидат во средиштето на вниманието на есенската аукција на „Сотби“ во Женева во ноември.

Арт-деко нараквицата на Картие со бурмански сафир, порабена со два дијаманта, се проценува дека ќе достигне цена меѓу два и три милиони долари, изјави проценител од аукциската куќа. Дизајнирана во 1927 година, нараквицата има бурмански сафир, лабораториски заверен како „кралски син“ по боја, со два дијаманти во форма на круша.

Другиот посебен предмет на наддавањето, што ќе се одржи на 13 ноември, е смарагдно-дијамантски ѓердан, исто така – на брендот Картие. Тој вреди меѓу 3,5 и 4,5 милиони долари. Некогаш бил во сопственост на принцезата Салимах Ага Кан. Содржи седум колумбиски смарагди.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Мишел: ЕУ ќе ја ограничи трговијата со руски дијаманти

Дијамантите повторно поштедени од европските санкции врз Русија

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска