Новиот „АјФон 6“ на „Епл“ се продава подобро од претходната генерација и компанијата во првите три дена оствари продажба од 10 милиони уреди.
Директорот на „Епл“, Тим Кук изјави дека компанијата можела да продаде многу повеќе уреди доколку фабриките имале поголемо производство.
„Епл“ успеа да продаде два милиони повеќе „АјФон 6“ уреди во однос бројот на продадени „АјФон 5“ смартфони во истиот временски период.
Акциите на компанијата достигнаа вредност од 100,98 долари минатата недела, а се предвидува дека профитот во првата четвртина на 2015 година ќе биде девет пати поголем од предвидувањата на Волстрит.