„Епл“ ќе прави телефони од „течен метал“?

Од:

Научниците уште одамна експериментираат со т.н. метално стакло, но никој не успеа да го примени во изработка на електронски апарати.

Сепак компанијата „Епл“ ја најде неговата намена и еден ден можеби ќе произведе ајФон токму од оваа необична легура.

Досега проблемот бил што Vitreloy или Liquidmetal, како што инаку се нарекува, е многу тежок за обработка, а поради тоа и многу скап. Тој не се вклопува во ниту еден од моменталните методи на производство.

Меѓутоа, со патентот на „Епл“, кој покрива различни начини на производство на „металното стакло“ со дебелина меѓу 0,1 милиметар и 25 милиметри, се остава впечаток дека пречките се надминати.

„Епл“ би можел да го користи за ајФони, ајПади, часовници и секој друг електронски апарат. Но, повеќето патенти никогаш не стануваат реалност. Сепак оваа компанија веќе произведува игла од овој метал за исфрлање на СИМ картичката, па можеби ќе посака и да ја прошири неговата употреба.

Би можело да ве интересира

4iG ги поттикнува иновациите и растот како лидер на пазарот во мобилните телекомуникации

Горан Наумовски

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

„Уан-Плус“ го претстави поевтиниот модел „9-Р“

Ана Ололовска

Банка во Сингапур воведе технологија за препознавање лица, за услугите со банкомат

Ана Ололовска