Ентони Хопкинс ќе глуми во новиот филм на Флоријан Зелер-„Син“, продолжение на оскаровскиот „Татко“

Од:

Сер Ентони Хопкинс ќе ја повтори својата улога во филмот „Син“ на Флоријан Зелер – продолжение на филмот „Татко“. За него, Хопкинс го доби вториот „Оскар“ за најдобра главна машка улога.

– По нашата авантура во „Татко“ не можев да го направам продолжението без Ентони. Тој беше првиот што го прочита сценариото за „Син“, бидејќи една од улогите беше напишана специјално за него. Да ​​биде дел од нашиот тим во новата филмска историја беше чест, длабока радост и ни донесе многу емоции, рече Зелер.

Во продолжението на драмата ќе глумаат и Хју Џекмен, Лора Дерн и Ванеса Кирби. Филмот ќе се снима во Њујорк, Франција и Лондон. „Син“ раскажува за Питер (Џекмен) и неговата нова партнерка Бет (Кирби), чиј живот со нивното новороденче доаѓа во хаос кога се појавува поранешната сопруга на Питер – Кејт (Дерн) со нивниот син тинејџер. Подробности за улогата на сер Ентони Хопкинс (83), сѐ уште не се познати.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска