Македонската претставничка на Miss Yacht Model International 2012, Елена Анѓеловска, ја освои главната титула во конкуренција на 60 девојки. Прва придружничка е претставничката на Србија, Александра Тасиќ, а втора Ана Кирилина од Белорусија.
Покрај ласкавата титула, таа доби и парична награда од 10.000 американски долари, круна во вредност од 3.000 долари и други подароци од организаторот и спонзорите, а во Кина ќе остане уште најмалку една недела за фотосесии и претставувања на сите кинески медиуми, изјави Светлана Црнокрак од Модното студио Црнокрак.