Еболата не може да се лечи, но епидемијата во западна Африка може да биде спречена

Од:

Дупките во здравствениот систем на Сиера Леоне ја одразуваат потребата за поддршка во иднина ваквите болести да не создаваат хаос.

Улогата на меѓународната заедница во актуелната криза во Централноафриканската република и во северна Нигерија, можеби е закочена заради конфузија, но таа сепак може нешто да стори со епидемијата на ебола во западна Африка.

Избивањето на епидемијата од вирусот на ебола која започна во Гвинеја и се прошири во Либерија и во Сиера Леоне, е најсмртоносна во историјата, а Лекари без граници (МСФ) и Светската здравствена организација (ВХО) прогласија дека ситуацијата е надвор од контрола.

Досега се забележани најмалку 759 случаи во 60 градови, откако првите биле забележани во март – тоа значи барем по 50 нови случаи неделно и пораст од 20 проценти од 23 јуни наваму. Скоро 500 луѓе починале од болеста која се шири преку границите меѓу државите.

Еболата има стапка на смртност од 90 проценти – кога ќе ја „закачите“, вашите шасни за преживување можеби се еден на десет. За неа не постои вакцина, ниту пак лек; единствениот начин да се сопре вирусот е да се превенира или да се третираат симптомите ако болеста рано се дијагностицира. Таа се шири преку контакт со телесни течности на заразени луѓе или животни, како што се урина, пот и крв. За време на дождовната сезона, која во западна Африка трае од јуни до септември, пренесувањето на телесни течности е најголемиот ризик.

Но токму тука меѓународната заедница може да помогне. Здравствените системи во државите од западна Африка се слаби: три земји се рангираат на 174 (Либерија), 177 (Сиера Леоне) и 178 (Гвинеја) место од 186 држави според човечкиот развој, велат од Програмата за развој на ОН. Така еден од светски најсмртоносните вируси ги пустоши трите држави кои се најслабо опремени да се справат со него.

Во Сиера Леоне, бев вклучен во двегодишна програма во истражување за спречување на неисхранетоста. Поминавме многу време во некои државни периферални здравствени единици во Сиера Леоне, на границата со Гвинеја. Тоа се најодалечените точки на здравствената грижа – се разбира ако воопшто можете да стигнете до 1,228-те клиники низ земјата (една заедница која ја посетивме беше одалечена околу шест километри од најблиската единица). Кога достапот до државниот здравствен систем е ограничен, локалните жители често се вртат кон традиционалните лекари кои често погрешно ја дијагностицираат еболата, и ја лекуваат како магија.

Единиците се најважни во обезбедувањето на имунизација, третман од маларија, при породувањата, во обезбедувањето на бесплатна медицинска грижа за бремените и мајките доилки, и за децата под пет години – но не се без сериозни проблеми. На медицинските тимови често им недостига квалитетна обученост, делумно затоа што учат според каскаден модел, каде еден обучува десет други, кои пак обучуваат други десет – и работи како „расипан телефон“, со сиот потенцијал за погрешната комуникација што може од тоа да произлезе.

Се пријавуваат многу луѓе за здравствени работници во единиците за да работат во бедни работни услови: на пример, сестрите заработуваат само 55 долари неделно – или 1,80 долари на ден – а тоа значи дека лесно се доаѓа до нови и необучени луѓе во најодалечените и фронталните граници на здравствениот систем во Сиера Леоне. Недостигот од квалитетни обуки значи дека ангажираните не се секогаш опремени да пренесат соодветна здравствена порака или да обезбедат третман. Всушност, токму тие предизвикаа толку и се поголем број луѓе да починат по избувнувањето на еболата, затоа што не успеаја да преземат мерки за справување со заразените пациенти. Единиците често се соочуваат со недостиг од опрема и лекови.

За да се стави вирусот под контрола, на овие држави им треба поголема помош од надворешни партнери. Во смисла на итност, потребна е итна хуманитарна помош за да се третираат оние кои се инфицирани, и за да се спречат други и нови случаи; од Лекари без граници велат дека се ограничени и дека е потребно големо распоредување на ресурси . Потребни се донатори или индивидуалци кои сакаат да донираат помош, со што ќе се покажат добри резултати, но само на краток рок; но подршката во борбата со вирусот на еболата изгледа како добра шанса која потенцијално може да спаси илјадници животи.

На долг рок, поддршката мора да биде фокусирана на изградба на капацитети во националното здравство и на системи за санитација, како одговор од итноста и спречување на вакво непотребно губење на животи. Еболата не е првата болест која предизвикува хаос во регионот. Пред помалу од две години, Гвинеја и Сиера Леоне се соочија со епидемија од колера, која уби 392 души.

Превенцијата може да биде подобра од лекувањето, но исто е многу потешко да се изградат капацитети за тоа. Затоа што капацитетите за превенција не се само во врска со познавање на техничките аспекти, туку и колку добро извесни делови од здравствениот и санитациските системи работат заедно и се помагаат со локалната динамика, како што е избирањето на традиционални лекари или со стигмата, на пример.

Изградбата на ваквите капацитети за спречување на идни здравствени итности е долгорочна посветеност, која станува уште поважна при избувнување на секоја епидемија во регионот.

Гардијан – Лондон

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он