Џуди Денч е највозрасната жена на насловната страница на британски „Вог“

Од:

Глумицата Џуди Денч е највозрасната жена која кога било се нашла на насловната страница на британското списание „Вог“.

Денч позираше за јунското издание на модното списание, во цветна кошула. Оскаровката вели дека не планира да се пензионира ниту по речиси 60 години долгата кариера. Таа е во својата деветта деценија од животот.

Во интервјуто, таа се осврнува и на пандемијата…

– Сигурна сум дека се чувствувам како и сите други кои се во изолација. Вакви невидени времиња е прилично тешко да се разберат. Добра работа е што луѓето стануваат свесни за неволјата на другите луѓе, кои се потполно сами. Ако од ситуацијава произлезе доволно добрина, тоа ќе биде прекрасна работа, нагласи Денч.

Нејзина последна улога беше во филмската преработка на мјузиклот „Мачки“ од 2019 година, а за годинава се најавени четири филма со неа.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски