Џорџ Клуни во конфликт со Бајден

Од:

Американскиот актер Џорџ Клуни, наводно, се јавил во Белата куќа за да се пожали бидејќи американскиот претседател Џозеф Бајден ги критикувал правните потези на Меѓународниот кривичен суд.

Имено, Меѓународниот кривичен суд сакаше да го уапси израелскиот премиер под обвинение за воени злосторства, случај на кој работеше сопругата на Клуни, Амал.

Според „Вашингтон пост“, Клуни наводно му се јавил на советникот на Бајден, Стив Ричети, за да изрази загриженост за тоа како Бајден ја осудил најавата на главниот обвинител на МКС, Карим Кан како „безобразна“ и навестил санкции против судот.

Амал Клуни е советничка на Кан, британси адвокат кој минатиот месец побара од МКС да ги одобри налозите за апсење на Бенјамин Нетанјаху и клучните лидери на Хамас за конфликтот во Газа и нападите на 7 октомври.

Претседателот Бајден го осуди тоа, велејќи дека не постои „морална еквивалентност“ меѓу Израел и Хамас и навести одмазднички санкции поради кои сопругата на Клуни би можела да биде депортирана од САД, пишува Тајмс.

Според извештаите, Клуни (63) бил особено вознемирен поради тој избор на зборови, пишува Вашингтон пост, повикувајќи се на неименувани извори.

Во него се додава дека Клуни бил разочаран и од првичната отвореност на администрацијата на Бајден за воведување санкции кон Меѓународниот кривичен суд – потег што оваа недела го одобри Долниот дом на Конгресот во кој доминираат републиканците – бидејќи неговата сопруга може да биде казнета.

Амал Клуни (46) беше меѓу комисијата од меѓународни правни експерти кои му помогнаа на Кан да ги процени доказите за сомнителни воени злосторства и злосторства против човештвото во Израел и Газа, а веб-страницата на Фондацијата Клуни за правда објави дека „постојат разумни основи да се верува“ дека Нетанјаху и Израелскиот министер за одбрана Јоав Галант извршил воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучително и гладување како метод на војување, убиства, прогон и истребување.

„Како адвокат за човекови права, никогаш нема да прифатам дека животот на едно дете има помала вредност од животот на другото. Не прифаќам каков било конфликт да биде надвор од дофатот на законот, ниту дека кој било сторител треба да биде над закон“, напиша таа.

Би можело да ве интересира

Клуни повика руските новинари да бидат „ловени“; Медведев: Ќе те најдат, па ќе правите муабет „од самрак до зори“

Предраг Петровиќ

Џорџ Клуни како потенцијален спасител на Малага

Предраг Петровиќ

Клуни се враќа на ТВ со „Финта 22″

Ана Ололовска

Протест на ѕвездите поради Оскарите, се кренаа и Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт де Ниро

Сандра Бошковска

Џорџ Клуни: Не беше лесно да се импресионира и освои Амал

Наум Локоски

Џорџ Клуни донира милион долари за борба против корупцијата во Африка

Наум Локоски