Џорџ Клуни: Не беше лесно да се импресионира и освои Амал

Од:

За време на своето последно телевизиско интервју, Џорџ Клуни објасни колку му било тешко да ја освои сопругата Амал Клуни. Тој исто така открива дека се заљубил по првата средба.

Џорџ и Амал се запознале преку заеднички пријател.

– Заеднички пријател ми се јави и ми рече доаѓам кај тебе, може ли да доведам и пријателка? Се разб ира дека не го одбив, а тогаш ми се јави агентот кој ми рече дека ја запознал Амал и дека таа ќе ми биде сопруга, вели Клуни.

Тој раскажва дека запознавањето бил лесниот дел од работата бидејќи освојувањето тогаш почнувало.

– Во почетокот пишував писма во кои велев дека држам заложници и оти ми треба адвокат да ме извлече од ситуацијата, се шегува Клуни и додава: „Но шала на страна, како што поминуваше времето, сфатив колку Амал ми се доапаѓа и дека е време да преземам конкретни чекори“.

Со оглед на тоа што Амал живееше во Лондон, а тој таму снимаше филм, тоа било идеална прилика.

– Отидов во Лондон за да снимам филм, а работевме во музичкото студио на „Аби Роуд“, што е одлично доживување бидејќи таму има оркестар од 150 членови и веднаш добив идеја дека со тоа може да ја импресионирам, вели Клуни и кажува дека ѝ испратил порака на Амал да го посети на снимањето.

Таа му одговорила дека е на состанок кај Муслиманско братство, но дека кога ќе се ослободи ќе дојде.

– Таа се бореше со реални проблеми, а ние снимавме глупав филм и се почувствував засрамено, вели Клуни.

Тие се сретнале и љубовта тргнала, а денес се во среќен брак и родители на близнаци Ел и Александар.

Би можело да ве интересира

Џорџ Клуни како потенцијален спасител на Малага

Предраг Петровиќ

Клуни се враќа на ТВ со „Финта 22″

Ана Ололовска

Протест на ѕвездите поради Оскарите, се кренаа и Џорџ Клуни, Бред Пит и Роберт де Ниро

Сандра Бошковска

Џорџ Клуни донира милион долари за борба против корупцијата во Африка

Наум Локоски