Две конкурентски компании произведуваат лек за поквалитетна крв

Од:

Јапонската фармацевтска компанија „Астелас фарма“ и британската „Глаксо Смит Клајн“ се конкуренти во развојот на нов лек за поттикнување на производство на црвените крвни зрнца, со чие дејство организмот почнува да функционира како да е на надморска височина од над 1.500 метри.

Освен тоа, овие лекови поттикнуваат апсорбирање на железо.

Двата лека се во облик на капсули, кои, освен против анемија, би можеле да се користат и кај други посериозни состојби, како што се проблеми со циркулација и проблеми предизвикани од рани.

Од друга страна, овие лекови би можеле да ги привлечат и безкрупулозните спортисти, како алтернатива за инјекциите за ЕПО (еритропротеин), кои поттикнувачки делуваат на крвта и во последно време станува синоним за допинг.

Лековите на „Глаксо“ и „Астелас“ би можеле значително да ги загрозат моментално доминантните средства против анемија, чија светска продажба се проценува на осум милијарди долари годишно.

Во компанијата „Астелас“, чиј лек засега е познат како „ФГ-4592“, од декември минатата година се наоѓа во трета, завршна фаза на клинички тестирања и се истакнува дека неговата кајголема предност во однос на ЕПО е тоа што не влија е на раст на крвниот притисок и може да се користи во домашни услови, бидејќи е во облик на капсули.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он