Дуа Липа и Рита Ора не се поднесуваат

Од:

Поп-ѕвезди Дуа Липа и Рита Ора не се во добри односи, што се виде и од тоа како тие двете се избегнуваат една со друга на Мет гала вечерта што се случи завчера во Њујорк.

– Тоа е штета, знаејќи колку тие две беа блиски и како Дуа постојано говореше како ѝ се восхитува на Рита, изјави неименуван соработник на поп-пејачките за списанието „Сан“.

Тие инаку, беа најзабележителните ѕвезди на свечноста.

Причините за конфликтот не се соопштуваат, но гласините говорат дека тој настанал поради тоа што Липа сега е нешто поуспешна од својата пет години постара колешка и сонародничка.

До пред две години, тие важеа за многу блиски пријателки, бидејќи откако се преселиле од Косово во Лондон, оделе во исто училиште, а и нивните семејства биле блиски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Алек Болдвин ќе добие уште една ќерка

Ана Ололовска

Џенифер Лопез повторно прекрасна како невеста

Ана Ололовска

ВИДЕО: Лејди Гага падна од сцената

Ана Ололовска

Познатиот холивудски „секс-стројник“ почина на 96 години

Ана Ололовска

Нови обвиненија за сексуално злоставување против Куба Гудинг-џуниор

Ана Ололовска

Почина тригодишната ќерка на глумецот Мигел Сервантес

Ана Ололовска