Норвешкиот град Брумундал со популација под 10.000 жители стана местото каде што е изградена највисоката кула од дрвени материјали.
„Mjøstårnet tower“ е новиот облакодер кој е 280 метри висок, лоциран на истоименото езеро на повеќе од 100 километри северно од Осло.
Во новиот објект се наоѓаат апартмани, деловни простории и хотел кој го носи името „Wooden Hotel“.
Оваа норвешка градежна сензација го стави малото норвешко место на светската карта на најпрестижни градби и иновативност.
Покрај тоа, нејзиното постоење докажа дека дрвото може да биде алтернатива за бетонот и челикот во архитектурата, а посебно кога се работи за изградба на облакодери.
Светските градители се се повеќе заинтересирани да започнат нови градби кои ќе бидат изградени од дрво наместо од постоечките и веќе докажани градежни материјали.
Британската фирма „PLP Architecture“ создаде неколку предлози за изградба на три нови дрвени облакодери, вклучувајќи ја 984 метарската кула која според проекциите треба да биде во срцето на главниот град на В. Британија.
Од друга страна, јапанската компанија „Sumitomo Forestry“ планира да потроши околу 600 милијарди Јени или 5,6 милијарди американски долари за да изгради 1,148 метарска висококатница.
„Дрвената кула“ треба да биде изградена до 2041 година по повод 350 години постоење на јапанската компанија.