Последната тест верзија на Windows 8, наречена Windows 8 Release Preview, од денес е достапна за јавноста. Оваа верзија може бесплатно да се преземе од официјалната Windows веб страна и е последна ваква верзија пред официјалното пуштање во продажба на Windows 8.
Според Microsoft, новата тест верзија може да се пофали со нови Bing апликации, подобрувања на апликациите за е-пошта, фотографии и контакти, подобрена поддршка за повеќе монитори, подобрена навигација низ Windows Store, зголемен број апликации од трети страни и многу други подобрувања.
Windows 8 Release Preview верзијата е достапна и за 32bit и 64bit компјутери. Минималните побарувачки се: процесор од 1GHz, 1GB RAM (за 32bit) и 2GB RAM (за 64bit), најмалку 16GB слободен простор и графичка картичка која поддржува DirectX 9.
Доколку сакате да ја испробате оваа верзија, препорачливо е да не ја инсталирате на компјутер кој постојано го употребувате. Најпаметно решение е да ја инсталирате преку виртуелна машина.