Документ што ја менува приказната за Титаник

Од:

Приватните списи на човекот одговорен за оценувањето на безбедноста во Титаник, покажале дека тој барал 50% повеќе чамци за спасување, но дека White Star Line вршеле притисок да се откаже од тоа.

Документите се појавија пола век откако 1.500 луѓе потонаа заедно со бродот во студената вода на 15. април 1912 година.

Списите кои ги напишал капетанот Морис Кларк, задолжен за безбедноста на бродот ќе бидат на аукција во рамките на куќата Henry Aldridge and Son, а се очекува да достигнат цека од 35 до 38 илјади евра.

„Отстапувањето од правилата кои ги постави Советодавниот комитет на сопственици на бродови, а моето одделение ги одобри, ме остави без поддршка. Можеби дури и ќе ме заменат ако истраам во моите ставови“, напишал Кларк.

Интересно е што Кларк дал детални докази за британската истрага за Титаник во јуни 1912, но не споменал ништо за своето барање за набавка на повеќе чамци за спасување.

Одлуката, неговото барање да не се уважи, е донесена само пет дена пред потонувањето на легендарниот брод.

„Овие докази ќе ја променат историјата. Тие се важен доказ дури и 100 години подоцна, новите податоци за потонувањето доаѓаат до израз“, вели сопственикот на аукциската куќа Henry Aldridge and Son.

„Дека приватна фирма толку сериозно погрешила кај виталните елементи на безбедноста, требало тогаш да ги наполни насловните страници, но тоа не се случило. Можеби Кларк бил под притисок на адвокатска фирма“, се прашува Олдриџ.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески