Докажано кога мажите сакаат жени со поголеми облини!

Од:

Кога се гладни на мажите повеќе им се допаѓаат пополни жени со изразени облини. Слабите жени, пак се попривлечни за мускулестите мажи, откриваат психолозите, тврдејќи дека тој феномен и вкоренет во човековите еволуциски инстинкти.

Таа привлечност се темели на потсвесната претстава дека лицето од спротивниот пол има подобар пристап до храна.

Експертите веруваат дека изразените женски облини мажите потсвесно ги доживуваат како нејзин резервоар на масни резерви.

Во истражувањето на научниците од Универзитетот Вестминистер учествуваа 124 мажи, на кои им биле покажани слики од пет различни облици на женско тело. Утврдено е дека мажите, кои биле гладни подобро ги оценувале жените со изразени облини, посебно градите.

Др. Вирен Свами укажа и на некои претходни истражувања, со кои е откриено дека слабите жени сакаат мускулести мажи, бидејќи тие им изгледаат како личности, кои можат да им обезбедат храна и здравје.

– Облините кај жените и мускулите кај мажите на некој начин се знаци за извор на храна. Кога сте гладни сакате извори на храна, но и партнерот, кој има има пристап до извори на храна, појаснува докторот.

Тој нагласува дека на мажите им се привлечни умерено полничките жени, а не дебелите.

Кога станува збор за облините, воочено е дека исто така мажите значително поинтензивно реагираат на женските гради, отколку на задницата или на колковите.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски