Македонската академска истражувачка мрежа МАРнет го продолжи до 15-ти јануари рокот за гласање за избор на национален кириличен домен. Гласањето е на страната на МАРнет www.marnet.mk.
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и директорот на МАРнет Сашо Димитријоски минатиот месец на прес-конференција соопштија дека користењето домени на мајчин јазик е грижа за зачувување на националниот идентитет и оти тоа е заложба и на најголемите земји во светот.
Во гласањето може да се вклучат сите заинтересирани граѓани, здруженија или правни субјекти. Предлогот што ќе освои најголем број гласови ќе биде ставен во официјалното барање за добивање кириличен домен за Република Македонија, кое ќе биде поднесено до ИЦАНН (Internet Corporation for Assigned Names and Numbers).