ДНК тестот открива колку ќе живеете

Од:

Научниците открија биолошки часовник што може да го предвиди животниот век на поединецот.

Истражувачите ги проучувале хемиските промени на ДНК, за да ја утврдат биолошката старост и ја споредиле со вистинските години на испитаникот.

Тие откриле дека лицата кои се биолошки постари од своите вистински години, умираат пред оние кај кои проценетата возраст се совпаѓа со вистинската.

Четири независни студии ги следеле животите на речиси 5.000 лица во текот на 14 години. На секој испитаник мерена е биолошката возраст, врз основа на примерок од крв.

Откриено е дека поврзаноста меѓу забрзаниот биолошки часовник и прераната смрт, важи друи и кога ќе се земат предивд други фактори како пушењето, дијабетесот и кардиоваскуларните болести.

Главниот истражувач порфесорот Јан Дири од Центарот за когнитивно стареење и когнитивна епидемиологија од Универзитетот во Единбург, вели дека соработувал и со колегите од Австралија и САД во оваа студија.

– Моментално не е познато дали начинот на живот или генетските фактори влијаат на брзината на билошкото старење. Имаме во план неколку проекти тоа да го испитаме, рече тој.

Студијата е објавена во стручното списание „Genome Biology“.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он