ДНК го „слави“ својот 60. роденден

Од:

Пред 60 години, на 25 април 1953 година, Френсис Крик и Џејмс Вотсон првпат во една студија ја опишаа структурата на ДНК (дезоксирибонуклеинска киселина), молекул во форма на двоен хеликс, кој го содржи генетското наследство на животот, односно упатства за развој и правилно функционирање на сите живи организми.

Со својата статија, објавена на едната страничка во британското научно списание „Нејчр“ (Nature), двајцата млади научници (Крик имал 36, а Вотсон само 25 години) направија револуција во светот на биологијата и генетиката.

Во тоа време веќе се знаело за постоењето на ДНК, како и за неговата улога во наследувањето. Со претходните истражувања била утврдена и неговата хемиска природа: собир на нуклеотиди меѓусебно поврзани во долги низи.

Иако ги насетувале деловите од кои ДНК се состои, истражувачите не знаеле што ги поврзува и како се споени – имале составни делови, но не и упатство за монтажа.

Крик и Вотсон први успеале да предложат конкректен тродимензионален модел на ДНК, односно „структурата на двоен хеликс светкан околу истата оска“.

Двајцата истражувачи нивното откритие го засновале врз експериментите на Морис Вилкинс и Розалинда Франклин, кои ги изучувале рендгенските дифракциони обрасци на ДНК нитките.

Заедно со Вилкинс (Розалинда Френклин во меѓувреме починала), Крик и Вотсон во 1962 година ја поделија Нобеловата награда за медицина.

Френсис Крис почина во јули 2004 година, неколку месеци пред Вилкинс. Џејмс Вотсон неодамна го прослави 85-от роденден.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

Орце Костов

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он