Џек Николсон призна дека нема веќе енергија

Од:

Актерот Џек Николсон призна дека бил во врска со многу жени и дека не се срами од тоа, но дека му е непријатно да го нарекуваат жиголо.

„Јас сум екстремна личност. Кога некој ќе ми каже, Џек ти си обичен женкар, јас не го порекнувам тоа, но животот на жиголото секогаш завршува лошо и затоа тоа е една од причините поради кои не се чувствувам добро околу сите тие работи за секс легендите и жиголата“, вели познатиот актер кој наполни 75 години.

Тој истакна дека нема веќе енергија да снима филмови и да посетува забави по снимањата и дека на неколку последни снимања се однесувал „многу невино“.

„По снимањето си одев во хотелската соба и не ја напуштав. Немам повеќе енергија за забава по снимањата, па така ни за жените кои се составен дел од тие журки“, истакна актерот.

Николсон играше во филмовите како „Поштарот секогаш ѕвони два пати“, „Вештерките од Иствик“, „Бетмен“, „Подобро не може да биде“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кевин Костнер заплака во Кан: „Жал ми е…“

Предраг Петровиќ

Македонски филмови во мајската програма на Кинотека со фокус на творештвото на Столе Попов

Предраг Петровиќ

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“