„Дизни“ презема дел од „Фокс“ за 71,3 милијарди долари

Од:

Акционерите на компанијата „Фокс“ („Twenty-First Century Fox“) ја одобрија продажбата на делот за забава на компанијата „Дизни“ за 71,3 милијарди долари.

Со тоа во сопственост на „Дизни“ ќе припадне и франшизите на Икс-мен (X-Men) и Осветници (Avengers).

Преговорите почнаа во декември 2017 година, кога „Дизни“ ја даде првата понуда за дел од медиумскиот конгломерат на Руперт Мердок и започна лицитациска војна со „Комкаст“, кој минатата недела се откажа за да се фокусира на купувањето на европскиот телевизиски оператор Скај.

Купувањето на „Фокс“ ќе му помогне на „Дизни“ да се натпреварува со компании како што се „Амазон“ и „Нетфликс“.

Конечниот договор нема да биде склучен уште неколку месеци, бидејќи е потребно одобрение од регулаторните тела.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето