Најновата колекција за есен-зима на Раф Симонс претстави две варијанти на селотејп заедно со вообичаените додатоци и облека.
На едниот од нив се чита натписот „Walk with me”, а на другата „RSYP youth project”.
Модниот селотејп може да се види во рекламната кампања на брендот – токму со него се залепени на ѕидовите парчињата облеката од колекцијата за есен-зима 2017 г, пишува „Elle“.
Сепак, дизајнерот нуди уште една опција за користење на селотејпот – тој може да се носи наместо појас. Токму така го носи и актерката и модел Суки Вотерхаус. Цената на додатокот е 200 долари.