Како да препознаете дека љубовта се гаси и оти е последен момент да се обидете да го спасите вашиот брак.
Многу работи може да го разниша бракот – доаѓање на дете, загуба на работа, преселба, болест, загуба на блиско лице… Многу е важно на време да ги препознаете знаците на кризата за да можете да реагирате и да се обидете да го спасите бракот или во краен случај да ја прекинете агонијата.
Девет знаци кои укажуват дека вашиот партнер се оддалечил од вас се:
1. Тој бара изговор само за да избега од вас.
2. Вашиот заеднички дом го нарекува „твоја куќа“.
3. Детето ви поставува прашање: „Мамо, зошто тато никогаш не те бакнува“?
4. Одбегнува семејни собирања и останува да спие дома, наместо да оди со вас и децата во кино.
5. Се однесува чудно во последно време и го крие телефон од вас.
6. Немате теми за разговор.
7. Не се радува на вашата службена работа доколку сте поуспешни од него.
8. Не можете да го поднесете чувството да спиете со него во ист кревет.
9. Директно ви соопшту дека сака развод.