Девет волшебни реченици за да живеете среќно до крајот на животот

Од:

Во многу врски добрите работи не се изговараат, а лошите се кажуваат на глас. Со само малку поинаков пристап и доколку се кажат вистинските работи, кавгата секогаш можете да ја претворите во разговор, со што ќе го зајакнете, а нема да го загрозите својот брак.

Долгогодишниот брачен советник Ренди Гунтер состави листа на реченици за експресно вадење од кризна ситуација во бракот. – Тонот на гласот е битен, истакна тој. – Можете да кажете што било, но доколку го промените тонот на гласот, тоа што сте го изговориле може да добие сосема поинакво значење и да испратите погрешна порака, додаде Гунтер.

1. Заедно сме во тоа

Советникот вели дека бракот е полн со предизвици. Доколку сопругот ви каже дека останал без работа, имате помалку од пет секунди за да му пружите поддршка и да покажете дека вашиот однос е посилен од сите проблеми.

2. Подобар си во тоа од мене

Односот е во голема предност доколку партнерите можат да ги признаат своите слабости. Доколку вашиот сопруг е подобар готвач од вас, немојте да шефувате. Држете се на страна и заблагодарете му се што подготвил вкусен оброк.

3. Лута сум

Луѓето често кажуваат дека не се лути да да избегнат кавга, но тоа само ја продолжува тензијата. Изразете ги искрено и прецизно своите чувства, така што и проблематичните ситуации побрзо ќе се решаваат.

4. Те молам кажи ми што се случува

Ова е најдобрата работа, која можете да ја кажете за да покренете расправа. Со тоа дајте му на партнерот до знаење дека сте присутни, дека го слушате и дека сакате да разговарате со него.

5. Остави ме да се смирам и подобро ќе слушам

Во секој брак без разлика колку партнерите држат еден до друг, доаѓа до поголеми или помали несогласувања. Во таквите ситуации е препорачливо да се смират страстите. Тоа време на мирување двајцата партнери треба да го искористат за да се сосредоточат на она што нависитна го ценат кај другиот и на што се задоволни, кога комуникацијата меѓу нив е добра.

6. Ти благодарам што ме потсетуваш колку сум ти важна

Доволен е моментот да изговорите негативни зборови, со кои го повредувате партнерот и го загрозувате својот однос на некое време. Да му кажете на партнерот нешто добро исто така трае само момент, но нема да му наштети на вашиот брак.

7. Иако сум лута, јас те сакам

Кога ќе дојде до напад на бес, луѓето најчесто се егоцентрични и не водат сметка за чувствата на другите. Дури откако личноста ќе се смири може да сфати што и сторила на другата страна и колку ја повредила. Подготвеноста веднаш да се изрази каење за сторената штета може во голема мера да го забрза закрепнувањето на вашиот брак.

8. Што да сторам за да ти биде подобро

Кога еден од партнерите е депресивен или фрустриран поради нешто, другата страна може да го иритира. Немојте да одговарате на нервозни забелешки. Подобро да прашате што можете да сториме за да му ја олесните ситуацијата и заеднички да пронајдете решение на проблемот.

9. Да се биде искрен

Суштината на искреноста е подобро да се разберете еден со друг. Освен тоа, така ќе бидете во можност да предвидите и да се подготвите за реакција, која би можела да биде изненадувачки болна доколку работите останат скриени.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски