Девет реченици за совршен брак

Од:

Долгогодишниот брачен советник Ранди Гунтер состави листа на реченици за експресно излегување од кризните ситуации во бракот.

– Тонот на гласот е важен. Можете да кажете што било, но ако го промените тонот на гласот, тоа што сте го кажале може да добие сосем поинакво значење и да испратите погрешна порака, наведува Гунтер.
На неговата листа реченици за совршен брак се:

1. Заедно сме во ова
Гунтер напоменува дека бракот е полн со предизвици. Ако вашиот/та сопруг/а ви каже дека останал/а без работа имате помалку од пет секунди да му/и пружите поддршка и да му/и покажете дека вашиот однос е посилен од сите проблеми.

2. Подобар/ра си во тоа од мене
Односот е во голема предност ако партнерите можат да ги признаат своите недостатоци. Доколку вашиот/та сопруг/а е подобар/ра готвач/ка од вас, немоје да му/и кажувате како да готви. Стојте на страна и заблагодарете се за вкусниот оброк.

3. Лут/а сум
Луѓето често кажуваат дека не се лути за да избегнат кавга, но тоа само ја продлабочува напнатоста. Искрено и прецизно изразете ги своите чувства за побрзо да ги решите проблематичните ситуации.

4. Те молам, кажи што се случува
Ова е најдобра работа што можете да ја кажете за да ја прекинете кавгата. Со тоа му/и кажувате на партнерот/ката дека сте присутни, дека го/ја слушате и дека сакате да разговарате со него/неа.

5. Оставиме да се смирам и подобро ќе слушам
Кога во бракот ќе се случат помали или поголеми караници се препорачува да се смират страстите. Тоа е време на мирување што двајцата партнери треба да го искористат за да се насочат кон тоа што го ценат кај другата страна.

6. Иако сум лут/а, те сакам
Луѓето кога имаат напад на бес обично се енергични и не се грижат за чувствата на другите. Подготвеноста веднаш да се покаже каење за направената штета може да го спаси вашиот брак.

7. Што да направам за да ти биде подобро
Кога едниот партнер е депресивен или фрустриран поради нешто, другата страна може да го иритира. Немојте да одговарате на нервозните забелешки. Подобро прашајте што да направите за да ја олесните ситуацијата и заеднички да изнајдете решение за проблемот.

9. Бидете искрени
Искреноста е подобро да се разберете еден со друг. Таа ќе ви помогне да ги предвидите и да се подготвите за реакциите кои би можеле да бидат изненадувачки болни ако останат скриени.

Би можело да ве интересира

Последици од пандемијата во Македонија – помалку бракови, повеќе разводи

Катерина Ѓуровски

Повеќе од 765 милиони малолетници во светот стапуваат во брак пред полнолетство

Ана Ололовска

Табу во Америка, бракот меѓу блиски роднини не е толку редок како што се мисли

Ана Ололовска

Средба на здруженија и невладини организации со цел зачувување на традиционалното семејство

Ана Ололовска

Наталитетот зголемен за пет, морталитетот за 9,1 отсто

Нови правила во ЕУ за брачните двојки од различни држави

Наум Локоски