Дев Пател: По „Сиромашниот милионер“ бев како јастог во тенџере

Од:

Ѕвездата на оскаровскиот филм „Сиромашниот милионер“, Дев Пател во изјава за „Тајмс“ проговори за „лудото време“ во неговиот живот, кога бил „зграпчен“ од светската слава благодарение на неговата улога во ова остварување.

– Како да бев јастог фрлен во тенџере коешто врие. Беше необично во секој поглед. Буквално „бев извлечен“ од мојата соба на ул. „Рајнерс лејн“ во северозападен Лондон. Патував насекаде со воз и потоа одеднаш се најдов на насловниците… И, во еден миг, секоја глава во купето, една по една, како кокошки, почна да се врти и да зјапа во мене. Беше лудо искуство… Се чувствувам така и денес, на некој начин. Детето од „Рајнер лејн“ сѐ уште е дел од мене!, истакна индиско-британскиот глумец кој тогаш имал едвај 18 години.

Филмот од 2008, е добтник на осум „Оскари“, меѓу коишто и за режија, прилагодено сценарио и најдобар филм.

Дев Пател годинава е актуелен со авантурата „Зелениот витез“.

Би можело да ве интересира

Добитникот на Еми ја продава куќата, поради штрајкот во Холивуд останал без пари за храна

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Никол Кидман го „пецна“ Том Круз: „Сега можам да носам штикли“

Предраг Петровиќ

Позната актерка која умира, се разведува, а нејзиниот сопруг се грижи само за едно

Ана Ололовска

Позираше без фотошоп за насловна, а сите гледаат во нејзините пазуви

Ана Ололовска

Ѕвездата на филмот „Американска пита“ се најде на листата на 100 највлијателни во 2023 година

Предраг Петровиќ

Хали Бери позираше целосно гола на тераса: Општ колапс на мрежите поради оваа фотографија

Ана Ололовска