Детски ЗОО Кидс Фест

Од:

Во Зоолошката градина во Скопје од денеска  почнува реализацијата на проектот „Детски ЗОО Кидс Фест 2014“, кој ќе биде забавен и едукативен, фестивал наменет за најмладите.

Од денеска до октомври секоја сабота најмладите ќе имаат можност покрај стандардните забавни содржини да се забавуваат со овој уникатен детски фестивал.

Фестивалот е замислен како едукативно-забавен настан кој ќе се одржува секоја сабота од 11 до 13 часот. На фестивалот ќе настапуваат децата учесници на популарниот детски фестивал „Поточиња“ кои ќе ги пејат своите најголеми хитови. Како дополнителна забава, присутните ќе имаат можност да научат дел од модерните танци заедно со Танцовиот клуб „Сонриса“ чии инструктори од сцената ќе ги покажуваат карактеристичните движења за сите популарни танци.

Едукативна нота на целиот настан ќе дадат аниматорите од „Се за роденден“, кои за децата имаат подготвено различни едукативни содржини, игри, натпревари, како и посебен шатор во кој ќе се откриваат посебни таленти. Инспирирани од животните, игрите ќе ги забавуваат децата, но и ќе ги учат за животните кои се „станари“„ на Зоолошката градина во Скопје.

Би можело да ве интересира

Снег во Скопје, врне и во останатите делови од државава

Измамена е 83-годишна жена, останала без 50.000 денари

Граѓански протест во Скопје: Улиците не се безбедни, кој е следен?

Инцидент во Скопје: Поради паричен долг насилник го грабнал должникот, па му се заканувал

Горан Наумовски

80-годишна жена од Скопје остана без 10.000 евра, му поверувала на лажен германски полицаец

Две малолетни девојки покосени со мотор на тротоар во Аеродром

Предраг Петровиќ