Детски фестивал за слика и филм – BUFF 2015

Од:

Со проекција на филмската адаптација на бајката „Тајната на рубинот“ во режија на Феликс Фухсштајнер, денеска во Скопје ќе почне 4. Детски фестивал за слика и филм – BUFF.

Во рамки на програмата ќе бидат прикажани филмови за деца и млади, наградени детски филмови од фестивалот Prix-Jeunesse во Минхен, ќе се одржат работилници, а ќе бидат прогласени и победниците на филмскиот натпревар за ученици на тема „Бескрајна приказна“.

– На Фестивалот за слика и филм BUF, минатата година, испративме виртуелно бувче на патување низ Германија. Повеќе од 700 ученици ги нацртаа и насликаа доживувањата на бувчето и ни ги испратија своите слики. Оваа година ѕвезда на нашиот фестивал е вистинско бувче. Тоа се вика Тито, но името не му е дадено по Јосип Броз, туку според латинското име на неговиот вид – Tyto alba, посочуваат организаторите.

Инаку, Тито е дама на возраст од околу шест години која живее со Ана Арсовска во Скопје. Ана многу се ангажира за заштитата на бувовите во Македонија и токму затоа, во рамките на Фестивалот за слика и филм, таа ќе одржи две работилници, на кои ќе биде присутен и Тито.

Во соработка со минхенскиот фестивал „Prix Jeunesse“, ќе се одржи работилница од областа на филмот и телевизијата на тема Пишување сценарија и „Storytelling“ за детски програми. Работилницата ќе ја води Регина Вернер од ZDF, експерт за детска програма.

Фестивалот се одржува во соработка со Канцеларијата на Гете Институтот во Скопје, минхенскиот фестивал „Prix Jeunesse“, невладината ОХО, Здружението за заштита на буфовите и Кинотеката на Македонија. Сите филмови од филмската програма ќе бидат прикажани во Кинотеката на Македонија во оригинал со превод на македонски јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски.

Би можело да ве интересира

Единаесет деца се примени во болница по новиот предизвик на „Тик ток“, двајца се со скршеници на рацете

Две деца и жена загинаа додека чекале леб во Газа

Горан Наумовски

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on