Десет грешки во облекувањето: Како модата ни додава килограми и години

Од:

Ништо не сме решиле со облекување прешироки панталони од својот гардеробер. Ви откриваме уште 10 модни правила кои лесно ќе ви ги намалат тие години кои всушност ги немате…

Обидувајте се да не купувате облека од неквалитетни материјали, или облека со премногу апликации. Бирајте класични модели, со убави привлечни бои, кои никогаш не излегуваат од мода.

Облеката е вашето јас…

Важно е секогаш да имате една клучна работа која ќе ве издвои од останатите: добар пар чевли, или хит чанта за актуелната сезона. Ако сакате комбинации, водете сметка за тоа кои бои ги спојувате и не претерувајте со парчиња кои можеби се малку поголем број од кој реално носите. Еве ја листата на правила кои ќе ви обезбедат шик, префинет изглед.

1. Не се завиткувајте во црно

Вистина е дека црното може убаво да ја стесни секоја фигура, да ги намали недостатоците и да ги истакне убавите делови и тоа исклучително лесно. Но, прво правило за анти-ејџ модата вели дека црнилото мора да се разбие, на пример, со добар накит во боја, ефектна шарпа, колоритна чанта или чевли. Не се завиткувајте во црно, бидејќи така ги истакнувате подочниците, или брчките и целата фигура добива лош, а не шик изглед.

2. Не се кријте зад својата облека

Облеката без облик ве прави постара и подебела. Вреќите не се начин да ги сокриете стомакот, полните раце или колковите. Всушност ви треба добро скроен модел, направен така од недостатоците да направи чудо! Добар крој на малку подолга јакна за прикривање на колковите, на пример е полн погодок.

3. Не претерувајте со должината на здолништето

Долгите здолништа можат да ги сокријат пополните нозе, но можат и да ја рашират целата фигура. Затоа, ако кусо здолниште се смета со четири прсти над колената, зошто долгото здолниште да не го мерите исто толку под колената? Ќе изгледата идеално, без оглед на тоа колку години имате.

4. Не носете брусхалтери кои не ви стојат убаво

Брусхалтерите кои не се ваш број можат да ве направат постара, пониска, дури и потешка од што сте. Ако не го знаете својот точен број, дозволете продавачката да ви помогне при купувањето.

5. Не е се во удобноста на фармерките

Фармерките со латекс се рај за тие кои го сакаат добриот стил исто колку и удобноста. Меѓутоа, ако многу се растегне, ќе виси… Затоа најдобро купувајте фармерки со два отсто еластин. Ќе бидат доволно удобни и ќе почувствувате разлика меѓу нив и долниот дел од пижамата.

6. Криењето на вратот не е толку едноставно како што се чини

Се зависи од вашата фигура. Некои ролки можат да го издолжат горниот дел од телото, а тоа и да не го знаете. Затоа најдобро би било, ако сакате ролки, да купувате полуролки и што е важно и поедноставно е да ја украсите со добро парче накит.

7. Внимавајте со кого одите во шопинг

Ако купувањето на облека е социјална активност за вас, не верувајте слепо на сите. Знајте дека продавачката секако ќе биде воодушевена од се, кога поминувате покрај производите, а најдобрите пријатели имаат тенденција да го прават истото, бидејќи секако ве сакаат такви какви што сте. Тоа не е лоша работа, но подобро е да одите со некој кој е многу искрен, кој ќе ве спречи да купите нешто што не ви стои.

8. Постои облека која ја чувате само за специјални прилики

Сите работи од облеката кои ги чувате за специјални прилики можат да делуваат како да не се ваши, бидејќи не ги носите често и со самото тоа и не знаете како да се однесувате во нив. Бидете шик кога ќе посакате, не дозволувајте што било  да ве спречи во тоа.

 9 Солитер потпетици и чевли со платформа

Посебно ако не сте претерано воодушевени од своите нозе од колената па надоле, не носете крупни чевли. Кога ќе го решите тој проблем, веднаш преминете на проблемот чевли со шпицест врв.

 10. Избегнувајте изглед на стјуардеса од 60-тите години од 20 век

Тука се работи за мала, свилена марама, врзана немарно околу вратот. Ако сакате украси кои генерално се носат на гориниот дел од телото, одлучете се за некој добар и интересен брош. Дали ја следите модата или не, не е добро толку да се доцни во тоа.

Би можело да ве интересира

Драматично издание на Мадона на ревијата во Милано: Пристигна со круна на главата

Предраг Петровиќ

Стоп на новата мода, некој треба да се уапси, доаѓаат најгрдите чизми

Предраг Петровиќ

Јапонија низ креации на македонски дизајнери – Алшар, Ивановски, Маригуча и Технолошкиот факултет со свои креации на Нихон-Џи 2.0

Ана Ололовска

Познатата манекенка се сликаше гола за Велигден: поради скандалозната фотографија ги исклучи коментарите, не можеше да ги поднесе навредите

Ана Ололовска

Поранешна манекенка колабираше на работа и почина – имаше само 25 години

Горан Наумовски

Најпознатите македонски модели блеснаа во комбинации од Fashion Group

Горан Наумовски