Денеска е светски ден на борба против СИДА

Од:

1 декември е Светски ден на борба против ХИВ/СИДА, болест со која според податоците на Агенцијата на Обединетите нации, во 2014 година се регистрирани 36,7 милиони луѓе во светот. Најголем број од нив живеат во Африка.

Според извештајот UNAIDS, од 2000 до 2014 година, оваа болест се проширила на 30 проценти во регионот на источна Европа и централна Азија, додека за 26 проценти на Блискиот исток и северниот дел на Африка.

Стапката на смртност поврзана со СИДА- та лани се намалила за 42 проценти, во споредба со 2004. кога имало најголем број смртни случаи.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија, минатата година се регистрирани нови 39 случаи. Од СИДА се заболени 16 луѓе, а 23 се ХИВ позитивни.

Со ХИВ/СИДА се заболени две лица на возраст од 10 до 19 години, 16 лица се на возраст од 20 до 29 години, 14 се на возраст од 30 до 39 години, 3 лица од 40 до 49 години, а четворица се на возраст над 60 години.

Би можело да ве интересира

Платформата за ХИВ бара неопходниот буџет за заштита на населението од ХИВ-инфекција

Нови случаи на ХИВ и еден на СИДА во Македонија, сите се мажи на возраст 20 и 39 години

A1on

Бесплатни тестирања за ХИВ и други сексуално преносливи болести од 20 до 26 ноември

За еден месец осум нови случаи на Сида – тројца странци со престој во Македонија

А1он

Маж во Британија заразил девојка со ХИВ, сега, 14 години подоцна, тој мора да оди во затвор

Генерал Игор Кирилов: Американците спроведуваат експерименти со ХИВ инфекција на украински војници

А1он