Демократот Мајкл Даглас ќе го глуми конзервативецот Роналд Реган

Од:

Холивудската ѕвезда, Мајкл Даглас ќе ја глуми улогата на поранешниот претседател на САД, Роналд Реган.

Во Холивуд се коментира дека „закоравениот “демократ, ќе го глуми „закоравениот“ конзервативец, Реган.

Во тек се преговори со познатиот актер да ја прифати ролјата во политичката драма за студената војна „Рејкјавик“, чие дејствие се одвива во 1986 година, кога Роналд Реган и Михаил Горбачов се состанале во главниот град на Исланд за да преговараат за мирот.

Продуцент на филмот е Ридли Скот, а режисер Мајк Невел.

Филмот ќе чини десет милиони долари, ќе почне да се снима во март во Германија.

Се уште не се знае кој ќе го игра Горбачов.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето