Дури и бебињата покажуваат интерес за моливот, а од две години детето треба да знае да го држи. До петата година 90 проценти од децаат веќе „избрале“ со која рака ќе пишуваат.
Детето од мало треба да ја вежба фината моторика и да се поттикнува што повеќе работи да ги прави само: да ги врти предметите, само да се храни, облекува, запетлува, да ги врзува врвките, да листа книги…
Сите тие се активности кои претходат на држење на моливот и пишувањето.
Од 10 до 18 месеци
Детето би требало да држи молив. Доволен напредок е дури ако неправилно црта.
На возраст до две години
Црта хоризонтални, вертикални и кружни линии. Детето ја запознава формата, обликот. Децата треба да се поттикнуваат на бројни активности кои го поттикнуваат развојот на фина моторика, како што се правење фигури од пластелин, нижење монисти, собирање на ситни предмети, правење оригами.
На возраст до три години
Детето веќе умее да црта хоризонтални и вертикални линии. Детето треба секојдневно да си игри и да ја развива фина моторика бидејќи тоа придонесува за зајакнување на мускулите на дланката, ја развива координацијата на раката и ја развива концентрацијата.
Дете од четири до пет години
Детето може да нацрта коцка, круг. Може да напише некои букви или бројки.
Дете од пет до шест години
Пишувањето на името се подразбира. Детето знае да ги напише и сите букви. Вешто е со моливот и знае да го држи правилно.