Децата просто обожаваат висини. Постојано се качуваат на дрвја, на кровови од згради и тавани, поради поривот да го видат светот од поинаква, птичја перспектива, секако не размислувајќи за последиците. И тоа не е единствениот детски „екстремен спорт“ што ги привлекува.
Елен Сендсетер, професорка од Универзитетот нa Трондхајм во Норвешка, направи листa нa најопасните активности што децата најмногу и ги возбудуваат.
– Големи брзини… Децата обожаваат да се лулаат на лулашки, да се санкаат, да се спуштаат на тобоган и да возат скејтборд, а тоа што ги возбудува е што немаат контрола над сето тоа.
– Остри и опасни алатки… Децата сакаат да играат со ножеви, чекани, лакови и стрели – се што може да ги повреди.
– Задевање и тепање со врсниците… Некои деца уживаат да бидат во малцинството „загрозени“, кои бркаат и малтретираат други деца.
– Криење… Кога си играат криенка, ги исполнува чувството на привремена, застрашувачка одвоеност од своите другари, а кога, пак, сакаат да се пошегуваат со родителите, овие не се нималку пријатно изненадени.