Децата на интернет се на удар на предатори

Од:

Информатичката писменост и едноставноста на новите технологии и отежнуваат на полицијата да биде во чекор со злосторниците на интернет.

13-годишниот Филип добива десет барања за пријателство на Фејсбук. Неодамна отворил профил на таа социјална мрежа, а со другарите од училиштето се натпреварува кој ќе има повеќе пријатели.

Главно барањата ги испраќаат познати од квартот, а ги има и два три профила со кул фотографии и интересни коментари. По неколку кликања и сите познати и непознати стануваат негови пријатели.

Во истиот град, 10 минути подоцна, 40 годишен Иван му испраќа порака. Се претставил како тинејџер. Двајцата се луди по фудбалот и конверзацијата им оди во таа насока. По неколку недели, се договориле да се сретнат во живо.

Половина година подоцна, 40 годишниот бил уапсен и осомничен за обид за искористување на детето за порнографија.

Ова се само некои од можните сценарија и примери за делувањата на онлајн предаторите.
Предаторите користат лажни електронски адреси и онлајн псевдоними. На ЈуТјуб се учат како да ги заобиколат безбедносните пречки и често користат туѓи мрежи за спојување на интернет, со цел да ја сокријат трагата.

Анонимноста – пречка за полицијата

Директорот на Еуропол Роб Вејнврајт во јавноста неодамна излезе со нов застрашувачки тренд во педофилската порнографија – онлајн сесии во кои се прикажува силување и мачење на деца кои само што прооделе.

– Нивото на изопаченоста е се поголемо од година во година – коментираше Вејнврајт. Тој потенцира дека како политичарите и полицијата се потешко фаќаат чекор со сајбер криминалот поради анонимноста на интернет и лесниот пристап до модерните технологии, поради што криминалците речиси е невозможно да се лоцираат.

Тој смета дека поради тоа треба да се преиспита идејата дека активноста на интернет, ако така се сака, треба да биде анонимна, со цел за наоѓање на злосторниците.

Трендот на вакви и слични кривични дела на интернет во развиениот свет е во пораст. Како што велат во Хрватската полиција тоа и не е за изненадување со оглед на тоа дека интернетот е се подостапен на граѓаните, па и на децата. Популарноста на социјалните мрежи и мобилниот интернет како и достапоноста до паметните телефони меѓу младите, оди на рака на овој вид на криминална активност, т.е. до појава на нови и трансформација на познати облици на злоупотреба на деца.

Истовремено, достапноста на информациите и зголемената медиумска експонираност придонесуваат за засилување на граѓаните во одлуката да пријават интернет виктимизација.

– Најчести кривични дека направени на штета на деца, кои директно или посредно се поврзани за интернетот, се искористување на деца за порнографија, искористување на деца за порнографски претстави, како и мамење на деца за задоволување на сексуални потреби – велат во хрватската полиција. Во последно време често се забележува и кривично дело повреда на приватноста на децата, најчесто извршена по пат на социјалните мрежи.

Според најновите податоци, само во Хрватска бројот на направените кривични дека за искористување на деца за порнографија во 2013 година пораснал дури 281 отсто. Минатата година забележани се 61 такви случаи, а во 2012 година 16.

Полициските истраги против онлајн предаторите не се разликуваат многу од другите истраги во областа на заштита на децата.

– Специфичноста се гледа само во потребата на примена на специфични вештини, алат и онлајн техники важни за истрага на виртуелниот, интернет простор – истакнуваат во полицијата.

Не сакаат да откријат детали, за да не им ја олеснат работата на потенцијалните чинители. Полициските службеници за младината, експерти од крим полицијата, се специјализираат во овие истраги.

Во полицијата не откриваат колку големата активност на граѓаните на интернет, па со тоа и потенцијални чинители на кривични дела, им помага или отежнува при истрагите. Само потенцираат дека големо внимание посветуваат на фактот за тие активности и на големиот интерес на граѓаните на социјалните мрежи.

Истакнуваат дека се работи за чувствителна работа во која соработката со колегите од светот, па така и регионот, е многу значајна и честа.

Проблемот со user friendly технологијата

Експертите велат дека се подобрата информатичка писменост и user friendly технологијата, се опасни алатки во рацете на предаторите.

– Изработка на веб содржини, т.е. лични страници денес може да се направи апсолутно без потребни предзнаења за програмски технологии и тоа со еден потег. Порано за тоа беше потребно предзнаење за програмирање т.е. познавање на пример на ХТМЛ кодови. Исто така, изработката на мултимедијални содржини денес е сведена на неколку кликања со глувчето во однос на минатите времиња, кога за тоа беше потребно знаење за некоја компјутерска програма. Онлајн бек ап за решение на податоците, се огледува во клауд решенијата како Гугла Диск, Мајкрософт СкајДрајв АјКлауд и слично – вели Александар Скенџиќ од хрватскиот информатички весник ВИДИ.

Главно, знаењето кое се бара денес кога се работи за тоа, во целост е минималистичко, вели Скенџиќ.

– Програмските решенија максимално се прилагодени на своите кориснички сметки, па се повеќе во целост се преминува на графичко работење. Треба само неколку кликови за да се искористи можноста која ја нуди зададената програма и со тоа непречено да се продолжи со активностите. Исто така, постојат многу туторијали на ЈуТјуб кои покажуваат начини како да се заобиколат безбедносните бариери – објаснува тој.

Посебен проблем е анонимноста на интернет, која на корисници со криминални намери, како и на сите други, дава можност за лажно претставување по пат на социјалните мрежи и креирање на лажни профили.

Достапноста на безжичните мрежи на корисниците овозможува задржување на анонимноста на интернет. Лесно достапната екрипциска технологија, исто така не помага на спречување на поставување на криминални содржини на интернет.

Скенџиќ наведува дека на интернет може да се најдат низа алатки кои напаѓачот може да ги искористи за да користи туѓа интернетска конекција и со тоа дополнително да ја сокрие својата трага. Предупредува на дистрибуција на софтвери кои доаѓаат вооружени со програмски алатки за пробивање на сигурноста на мрежата.

Сето тоа, вели Скенџиќ, на полицијата многу ја отежнува работата, а првиот проблем е да се утврди со кој комуникациски канал се служел потенцијалниот напаѓач.

– Ако е користена безжична мрежа која не е во сопственост на наведено лице, полицијата може да се наведе на погрешна трага. Секој давател на интернет услуги регистрира уред за пристап на интернет, па се доделува АјПи адреса која е поврзана за корисничките податоци на регистрираниот корисник. Проблемот настанува кога се користи туѓа мрежа за спојување на интернет. Отворањето на лажни меил адреси дополнително го комплицира наоѓањето на вршителот на кривични дела. Исто така, постои можност за користење на интернет со користење на АјПи адреси од сервери во цел свет на кои може да им се сокрие трагата – вели Скенџиќ.

Притоа, лажните меил адреси содржат псевдоними во своите имиња и главно се отвораат на бесплатни светски мрежни сервиси.

Механизми за заштита

Поради сето тоа, недозволените содржини се сеприсутни, вели Скенџиќ. Доволно е само да се напише веб адресата во пребарувачот.

– Не постои вграден механизам за заштита кој во целост го забранува пребарувањето на недозволени содржини. Денешните операциски системи како и интернет пребарувачите нудат можност за подесување на разна безбедност во користење на интернетот – вели Скенџиќ. Сепак, постојат дополнителни механизми за заштита кои главно се користат тогаш кога корисникот на компјутерот интервенира.

Тоа се однесува на различни антиспам, антивирус т.е. фајервол решенија, блокирање на одредени АјПи адреси, блокирање на одредени мрежни станици и слично.

Препорака е вели Скенџиќ, на компјутерот да се постави програмско решение кое ќе го блокира пристапот на таквите содржини.

Ал Џезира Балкан – Сараево

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски