Даночни служби заплениле куче поради долг, па го продале на интернет

Од:

Властите во германскиот град Ален, поради неплатен данок го одвоија кучето од расата мопс од семејството во кое живеело. Потоа, домашното милениче е продадено на И-Беј.

Всушност надлежните прво имале намера да одземат ортопедска количка, како највреден предмет што тоа домаќинство го поседува, но на крај, одлуката паднала на кучето по име Ед.

Почетната цена за кучето била 750 долари, половина од она што неговата нова сопственичка била подготвена да плати.

По неколку дена откако го купила, се испоставило дека Ед има здравствени проблеми со очите, поради кои му биле потребни четири операции. Сопственичката тогаш побарала надомест на трошоците од 1.800 долари. Ова го привлекло вниманието на претходните сопственици, па така целата приказна излезе во јавност.

– Знам дека Ед е во добри раце, иако на моите деца многу им недостига, истакнува претходната негова сопственичка.

Од даночната служба изјавија дека заплена на животни не е стандардна процедура.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија