Дали светот е подготвен за следна епидемија?

Од:

Вијести – Подгорица

Инфективните организми можат да патуваат во луѓето, храната и инсектите… не може да се спречи болест која ќе премине граница.

Од Азија до Канада на вирусот на САРС во 2003 година за ширење му беше потребно помалку од еден ден. Вирусот H1N1, познат како свински грип, ја погоди цела планета кога во 2009 година помина низ 214 земји ширум светот и уби над 18.000 луѓе. Минатата година тоа беше еболата, која во девет држави усмрти над 9.000 луѓе. А со неа се уште не е готово.

– Ќе биде готово дури откако последното лице со ебола ќе почина или ќе се излелува, а притоа да не зарази ниту едно друго лице, рече на самитот во Давос минатиот месец Петер Пиот, еден од луѓето кои во текот на 70-те ја откри еболата. Тој предупреди дека ризикот од такви епидемии е далеку од завршен.

– Ќе има и други појави на ебола и други епидемии, барем грипм рече тој. Дали светот е подготвен за такво нешто.

Моментно на планетата постојат илјадници инфективни болести, како во градските така и во селските региони. Од тие кои ги шират инсектите до тие кои можат да се шират по вода, како колерата, или со човечки допир, како што е еболата.

– Инфективните организми можат да патуваат во луѓето, храната и инсектите… не може да се спречи болеста да поминува граници, вели Дејвид Хејман, претседател на Центарот за глобална безбедност на здравјето Чатам Хаус.

Една од иницијативите за спречување на тие кои претставуваат глобален ризик е организацијата Global Alert and Response Network (GOARN).

– Таа има многу лаборатории, здравствени институции и разни групи кои редовно известуваат кога ќе се случи ширење на некој вирус, со цел за брза идентификација, потврда и одговор на ширењето на вирусот, што е од меѓународна важност, истакна Хејман.

Најголемата епидемија која се случила до денешен ден е шпанската грозница во 1918 година, која како што се проценува заразила една третина од светската популација, што довело до смрт на околу 50 милиони луѓе.

– Сигурна сум дека ќе има уште епидемии од некој грип,наведе вирологот од лондонскиот колеџ Империјал, Венди Баркли.

Експертите се согласни дека идно ширење на потенцијална епидемија може да се случи, но лекциите научени од претходните случаи треба да овозможат брз одговор. Како што велат, клучот е во идентификација на вирусот, проценка за заканата и ширење на потенцијален вирус низ населението што е можно побрзо со цел да се подготви план за спречување на пандемија.

– Грипот тешко се контролира кога се работи за ширењето, вели Баркли.

Според неа, грипот има способност да се шири пред луѓето да ги покажат симптомите, што значи дека мерките како спречување на патување би биле неефикасни.

Предизвикот е во тоа што тие кои се обидуваат да го спречат ширењето на вирусот, секогаш мора да очекуваат неочекувано.

Баркли вели дека САРС, свинскиот грип и еболата сите ги изненадија и додава дека целосно е непредвидливо што ќе се случи на крајот.

– Корисно е да се предвиди каде ќе се случи ширењето, наведе поранешната директорка на МИДАС, мрежа на научници кои се бават со визуелизација на потенцијално ширење на болести, Ирена Екстранд. Информациите за биологијата на вирусите, начинот на кој тие се пренесуваат и географското ширење можат да бидат корисни за да се предвиди кој ќе биде следен на удар и колку брзо вирусот ќе дојде до нив.

Затоа се подготвени различни сценарија за такви состојби, а важно е да се овозможи пристап на вакцини на тие кои се најзаразени и до кои ќе стигне најбрзо, наведе Екланд.

– Сценаријата кои се користат за инфективните болести никогаш нема да можат точно да ја предвидат иднинатам наведе таа. – Тие се подобри во тоа да кажат еве список на работите кои можат да се случат.

Меѓутоа, ширењето на болести подразбира повеќе од наведеното. Човечкото однесување игра клучна улога во тоа и поради тоа ширењето тешко може да се предвиди.

Генералната директорка на Светската здравствена организација Маргарет Чан на самитот во Давос изјави дека светот се уште не е подготвен за ширење на вируси, што беше заклучено уште по вирусот H1N1.

Меѓутоа, иако не сме целосно подготвени да спречиме идни пандемии, сепак во овој момент никогаш не сме биле по подготвени за тоа во историјата.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он