Дали сте за брак?

Од:

Одлуката за брак е една од најголемите и најважните животни одлуки, посебно затоа што сите ние поминуваме голем дел од својот живот барајќи го вистинското лице. Како да дозанаете дали сте на вистинскиот пат. Науката има одговор.

Иако се чини дека одлуката секогаш е очигледна, многу луѓе не го слушаат она што нивниот инстинкт им вели.

Она чувство што ви се случува во стомакот, значи дека постои сомневање. Ако пак постои сомневање тоа значи дека таа не е вистинската личност.

Една научна студија ги тестираше токму тие „сомневања“, и конечниот резултат потврди дека имало реална основа за таквите индикации.

Жените кои имале дури и најмали сомневања пред да застанат на „лудиот камен“ им се приклучиле на проблематичните бракови кои најчесто завршиле со развод.

Девојките кои имале вакви сомневања пред бракот со 2,5 пати поголема веројатност се разведувале за две – три години, отколку оние кои верувале дека ја направиле вистинската одлука.

Најчест изговор за овие сомневања е дека тоа е нормално и дека ќе помине. Нервозни се поради свадбата. Но, многу е важно да се направи разлика помеѓу нервозата и сериозните сомнежи.

„Немојте да претпоставувате дека дилемата ќе исчезне и дека љубовта ќе ги победи сите проблеми. Нема докази кои укажуваат дека проблемите во бракот обично исчезнуваат со текот на времето и дека работите ќе се подобрат. Поверојатно е дека проблемите ќе станат посериозни“, вели авторот на студијата, Џастин Лавнер.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он