Речиси сите познати интернет сервиси го искористија први април да се пошегуваат со своите корисници.
Најголемиот светски пребарувач Гугл објави дека својот сервис „Гугл Мапс“ ќе го направи место за трагање по пиратско богатство, како и дека лансира нов сервис „Гугл ноуз“, кој ќе овозможи пребарување со нос.
„Само приближете го носот што поблиску до екранот и притиснете `ентер`, се наведува во упатството на Гугл.
ЈуТјуб објави дека ќе се затвори после осум години и оти од полноќ веќе нема да прима видео снимки, како и дека почнува изборот за најдобро видео кое, кога и да било, е ставено на овој сервис.
Социјалната мрежа Твитер објави дека од сега ќе почне да го наплатува користењето на самогласките. Според Твитер, целта е да се „охрабри поефикасен и покондензиран облик на комуникација“.