Дали човештвото ќе успее да го искорени ракот?

Од:

Наспроти милијардите кои се инвестираат во безбројни истражувачки проекти во светот, новата студија доаѓа до тежок заклучок: болеста неможе да се уништи и тоа поради тоа што еволуирала заедно со нас.

Способноста на нашите клетки да развијат рак е суштинско својство кое еволуирало со милиони години.

Сепак, истражувачите од Универзитетот Киел во Германија и Хрватскиот католички универзитет велат дека запознавањето на непријателот ќе даде шанса на научниците, на најдобар можен начин да се борат со оваа зла болест.

Еволуциските биолози ги открија првите докази дека туморите природно се јавуваат кај два вида на хидра, прости слатководни животни.

Тие велат дека постоењето на болеста кај малите полипи кои потсетуваат на корали сугерира дека канцерот е неразделен дел од нашата еволуција.

Додека научниот тим барал потекло на генот задолжен за јавување на рак, налетал на откритие на оваа болест кај хидрата, вели научникот Томислав Домазет Лошо.

– Нашите податоци предвидуваат дека првите повеќеклеточни животни веќе имале најголем дел гени, кои можат да предизвикаат рак кај луѓето.

Меѓутоа, тие сакале да најдат доказ дека и тие животни можат да страдаат од тумор.
Исто така, откриле дека инванзивната природа на оваа болест исто така постои повеќе милиони години. Имено, кога клетки на тумор се уфрлени во здрав организам на хидра, поттикнат е раст на канцерот.

– Нашата студија покажува дека е малку веројатно дека војната против оваа болест, прогласена во 70-тите години, некогаш ќе биде завршена. Секоја клетка во вашето тело може да погреши. Носите темпирана бомба во себе од кога сте родени. Таа може да експлодира порано или подоцна во животот. Сепак, тоа не значи дека пациентите кои ќе добијат рак не можат ништо да направат. Медицината ни овозможува, во раната фаза на болеста, барем во некои случаи, успешно да лечиме пациент од проблематични клетки – вели Томас Бош, еден од научниците кој учествувал во истражувањето.

Студијата е објавена во журналот Nature Communications.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он