Црвениот телефон на Хитлер на аукција

Од:

Црвениот телефон, којшто бил најден во бункерот на Адолф Хитлер, каде тој и загинал, ќе биде продаден на аукција, јави Си-Ен-Ен.

Телефонот, во производство на „Сименс”, првично бил црн, но подоцна бил обоен во црвено, а на задната страна му се додадени нацистичкиот кукаст крст и името на сопственик. Синот на британскиот офицер кој го пронашол телефонот, раскажува дека неговиот татко го зел сувенирот како спомен од поразот на диктаторот.

Аукциската куќа „Александер Хисторикал Окшнс” го опишуваат предметот како „мобилно средство за уништување” и „најдеструктивното ’оружје‘ на своето време, коешто прати милиони во смрт”.

Би можело да ве интересира

Марк Нопфлер ја продава својата колекција гитари

Дрес на Марадона на аукција – почетна цена 4.000.000 фунти

А1он

Фотографија од Мен Реј на аукција по почетна цена од рекордни пет милиони долари

А1он

Најголемиот црн дијамант продаден за 3,8 милиони евра

Ана Ололовска

Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра

А1он

Научен запис на Алберт Ајнштајн продаден за над 11 милиони евра

Ана Ололовска