Црн пантер и ротвајлер живеат заедно и се сѐ попопуларни на интернет

Од:

Социјалните мрежи честопати навлегуваат во приказни што, можеби, никогаш не би замислувале дека се случуваат во вистинскиот живот. Така, луѓето се сведоци на едно чудно пријателство кое збунува илјадници следачи ширум светот: Венса, ротвајлерка и нејзината „сестра“ – црна пантерка по име Луна, животот ги спојува во мигот кога втората се родила и бива одбиена од нејзината мајка…

Одговорните за Сибирската зоолошката градина, каде што се родила Луна, биле принудени да бараат дом за пантерот. На сцена стапува Викторија – стручњак за размножување кај мачки. Викторија ја посвојува Луна и ја носи дома. Така, Луна и Венса стануваат неразделни – токму како сестри.

Инаку, кучето и мачето, сега доволно потпораснати, се појавија и на платформата Тик-ток. Викторија уверува дека „Луна е многу добар пантер, рика само кога се плаши“ и никогаш не напаѓа мали животни.

Необичниот тандем, само на Тик-ток има повеќе од четири милиони следачи, на кои треба да се додадат и над 350.000 Инстаграм-следачи.

Би можело да ве интересира

32-годишен кавадарчанец мачел животни, заработи кривична од ОЈО

ВИДЕО: Возач во Виница влече врзано куче, во Штип човек со пушка стрела мачки

Орце Костов

(ВИДЕО) Млад скопјанец удира од земја и повредува мачка – Изживување врз животни во Лисиче

Орце Костов

Илјадници мртви фоки на дагестанскиот брег на Каспиското Езеро

Ана Ололовска

Бучавата во животната средина влијае на изборот на партнери кај животните, покажува истражување

А1он

Во Косово спречен шверц на овци и телиња од Македонија