Цигарите се одговорни за речиси половина од смртните случаи предизвикани од 12 видови карцином во 2011 година во САД, покажува истражувањето објавено во списанието JAMA Internal Medicine.
Според оваа студија, 48,5 отсто од речиси 346 илјади смртни случаи од 12 видови на рак кај возрасни лица со најмалку 35 години, се препишуваат на пушењето.
Најмногу лица кои пушеле починале од рак на бели дробови, 74,9 отсто, однсно 129.799 луѓе.
Половна од смртните случаи од рак на усната празнина и мочниот меур се резултат од пушење цигари, заклучиле истражуачите.
Повеќе од 20 милиони Американци починале многу рано поради пушење во последните 50 години. И покрај огромниот напредок, 18 отсто од американското население денес пуши, за разлика од 1964 година кога пушеле 42 проценти. Секоја година 443 илјади Американци го губат својот живот од болести поврзани со пушењето.