„Чудовиштето на кризата“ и „Мравите и Меркел“ главни атракции на карневалот во Патра

Од:

„Чудовиштето на кризата“, „Мравите и Меркел“ и „Грчко суфлаки“ се само некои од маските што ќе продефилираат на овогодишниот карневал во грчкиот град Патра

На карневалот, што ќе се одржи денеска и утре по повод православниот празник Прочка, се очекува да учествуваат над 35.000 лица.

Организаторот на собирот информира дека за овогдишниот карневал се пријавени 147 маски, што е повеќе во однос на лани.

Главната манифестација на карнаевалот ќе се одржи во недела, кога сите учесници ќе продефилираат низ улиците на Патра предводени од „Чудовиштето на кризата“ – впечатлива фигура со сатиричени изглед, со нос во форма на морков, остри заби и долг опаш.

Карневалот во Патра е најголема манифестација од тој вид во Грција и се организира веќе 180 години на старот на Велигденските пости.

Би можело да ве интересира

IQOS караванот ќе ја посети Струмица за време на Струмичкиот карневал

Карневалот во Рио повторно откажан поради пандемијата

Ана Ололовска

Карневалот во Рио де Жанеиро во 2022 година ќе трае 40 дена

Ана Ололовска

Откажан Карневалот во Рио

Карневалот во Рио се одложува за идното лето поради пандемијата

Жарко Настоски

Бразилските училишта за самба ќе го откажат учеството на карневалот во Рио ако нема вакцина за Ковид-19

Жарко Настоски