„Чудовиштето на кризата“, „Мравите и Меркел“ и „Грчко суфлаки“ се само некои од маските што ќе продефилираат на овогодишниот карневал во грчкиот град Патра
На карневалот, што ќе се одржи денеска и утре по повод православниот празник Прочка, се очекува да учествуваат над 35.000 лица.
Организаторот на собирот информира дека за овогдишниот карневал се пријавени 147 маски, што е повеќе во однос на лани.
Главната манифестација на карнаевалот ќе се одржи во недела, кога сите учесници ќе продефилираат низ улиците на Патра предводени од „Чудовиштето на кризата“ – впечатлива фигура со сатиричени изглед, со нос во форма на морков, остри заби и долг опаш.
Карневалот во Патра е најголема манифестација од тој вид во Грција и се организира веќе 180 години на старот на Велигденските пости.