Чесите не сакаат свадба на „волшебниот“ датум 12.12.2012

Од:

Најпопуларниот термин за подготвување свадби годинава, во многу места во светот е денеска, поради „волшебниот“ датум кој содржи три дванаесетки – 12.12.2012.

Во Чешка, како што јави дописникот на МИА од Прага, се закажани само неколку свадби и поради малиот интерес е откажана и „свадбата на столетието“ во замокот Телч, на југот на земјата каде беше планирано во брак да стапат 12 пара.

Според експертите, причините за незаинтересираноста на младите парови „да стапнат на лудиот камен“ токму во овој период може да бидат многу едноставни.

– Зимата не е најдобро време за свадбените веселби, а исто така е и пред Божиќ, вели социологот Даниел Ханзл.

Би можело да ве интересира

Девојче било истепано на свадбена веселба во Куманово

ВИДЕО: Се тркалаа по подот во тепачка за бидермаер

Предраг Петровиќ

Како да ја изненадите сопругата за годишнината од вашата свадба?

На Македонките најмногу им се брза да се омажат – најмлади стапуваат во брак во регионот

На свадба во Италија се урна плафон, 64 повредени, петмина се сo тешки повреди

Кривична за маж кој со автоматска пушка пукал на свадба во велешко

А1он