„Чернобил“ предизвикува контроверзии во Русија

Од:

Минисеријата на ХБО, „Чернобил“ во овој миг ја има најдобрата оценка за ТВ серии на ИМДБ, којашто гласи 9,7 /10 со над 111.000 гласови од цел свет. „Гардијан“ ја опиша последната епизода од серијата со реченицата „Кога прашината ќе спадне, ова ќе се смета за класика“.

Сепак, серијата ги разбуди страстите во Русија, и меѓу медиумите кои важат за провладини и оние од спротивниот табор.

– Фактот што американски, а не руски телевизии ја раскажаа приказната за нашите херои, е извор на срам за медиумите што се наклонети кон Кремљ, пишува „Москва тајмс“ како реакција на напис на „Комсомолскаја правда”, влијателниот руски весник, во којшто се говори за тоа како „соперниците ја користат серијата за да ја искриват сликата за земјата (Русија) како нуклеарна сила“.

Повеќе руски медиуми ја окарактеризираа серијата како антируска пропаганда против руските нуклеарни проекти. Аналитичарот Станислав Натанзон од телевизијата „Росија 24“, на пример, ги обвини авторите на филмот оти „лажат дека руските власти не сакале да ги признаат своите грешки“, повикувајќи се на напис на експертот Валери Легасов од 1987 година, каде што се критикува токму управувањето со нуклеарната индустрија.

Тој тврди дека тој осврт го објавиле сите тогашни водечки руски медиуми. Но, „Комсомолскаја правда“ на пример, ја објавила статијата подоцна, две недели по самоубиството на Легасов.

Руската НТВ објави дека веќе снима своја серија за Чернобил.

Чернобил се смета за една од најголемите катастрофи за коишто е виновен човекот. Според Би-би-си, погодени биле повеќе од 3,5 милиони луѓе и биле контаминирани 50.000 квадратни километри земјина површина.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето