Имплант во облик на чадор, што се вградува во срцето, би можел да стане клучен во спречување мозочни удари.
Речиси четвртина од светската популација е родена со помал срцев дефект, дупка во една од коморите, која не предизвикува никакви симптоми, но го зголемува ризикот од срцев удар.
Во новата процедура во срцето се вградува минијатурен имплант во облик на двостран чадор за да се затвори дупката.
Во осум до десет случаи, до мозочен удар доаѓа бидејќи дотокот на крвта во мозокот е блокирано со крвно згрутчување. Причината за удар кај 60 отсто од овие пациенти може да се поврзе со коронарни срцеви заболувања и насобрани масни наслаги во артериите.
Ова натрупување го попречува протокот на крв, што доведува до полесно формирање на згрутчувања кои можат да дојдат до мозокот.
Дејвид Харгревјс, наставник по историја во Лондон, е едно од првите лица на кои им е вграден овој имплант како превенција од друг мозочен удар. По првиот удар, нему му е откриена дупка во срцевата комора.
Кога имплантот ќе се вгради во срцето, тој се шири и создава минијатурни дискови на секоја страна на дупката, а пациентите по операцијата веќе наредниот ден можат да одат дома.
Досегашните истражувања покажале дека овој метод е значително поефикасен од прочистувањето на крвта со лекови.