Центарот на мистичната цивилизација на Маите

Од:

Ширум Средна Америка древниот народ на Маите оставил зад себе примери за својата величествена архитектура, како што се пирамидите, кои ги изградиле, иако не користеле метални алатки, ниту знаеле за тркалото.

Маите се народ, кој живеел на просторите на денешна Средна Америка 2000 година пред нашата ера. Ја развиле астрономијата, хиероглифското писмо, играле кошарка, биле извонредни матемаричари, земјоделци.

Имајќи предвид дека минатата година на 21 декември заврши нивниот светски познат календар, интересот за културата на Маите и нивната архитектура е поголем од кога и да е.

Археолозите се обидуваат да откријат како е можно да биле толку успеши градители, а воопшто да не знаеле за тркалото и металните алати. Особено се имресивни нивните скалести пирамиди, од кои некои биле поголеми и од египетските и кои имале совршена акустика. На пример ако тропнете со рацете на подножјето на пирамидата, таа ќе ви „возврати“ со мелодија, слична на песна на птица.

Град со најмногу сочувани споменици е Чичен Ица, а во него е и најважната градба на мајанско-толтечката цивилизација, пирамидата Ел Кастило.

Таа е математички совршено проектиран храм посветен на богот на ветрот и ураганот, Кукуликан, а на врвот има астрономска опсерваторија. На платформата на повеќето храмови брутално се жртвувале заробеници.

Патувањата во мистичниот свет на Маите ви нудат голем број туристички агенции, а теориите дека Маите го најавила крајот на светот на 21 декември 2012 година се неосновани, тврдат експертите по историја и култура на мајанската цивилизација. Тие сметаат дека тој датум означува крај н еден временски и духовен циклус и почеток на нов.

Би можело да ве интересира

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ

„Руси доaѓајте, сметаме на вас“

Предраг Петровиќ

Туристичките капацитети за празниците исполнети до 80 отсто

Горан Наумовски

Јаневски поднесе оставка од функцијата директор на Агенцијата за туризам

Катерина Ѓуровски

Во земјава нема доволно кустоси, странски водичи раскажуваат поинаква историја за нашите локалитети

Катерина Ѓуровски

По 70 години прво подземно скенирање на наоди во античкиот локалитет „Стибера“ кај Прилеп

Ана Ололовска